Македонскиот „дијамант“, Елиф Елас, се запиша во листата стрелци на новата победа на Наполи над Кремонезе со 3-0.
Елмас натпреварот го почна на клупата за резерви а шанса за влез доби во 70-тата минута, асамо девет минути подоцна се впиша во листата на стрелците. За Елмас ова е шесто гол сезонава во Серија А.
Претходно Грузиецот, Квадрасцкелија во 22-та минута го матираше противничкиот голман за водство од 1-0, резултат со кој се замина и на полувреме. Втората ѕвезда на тимот и најдобар стрелец во Серија А, Виктор Осимен со својот 17-ти погодок оваа сезона во 65-тата минута зголеми на 2-0, по што следуваше голот на Елмас за конечни 3-0 за Наполи.
Со деветнаесетта победа и вкупно 59 бода Наполи е убедливо на прво место и чекори кон „Скудетото“, кое го чека веќе 33 години кога последен пат ја крена титулата и тоа предводен од со аргентинската легенда Марадона.