Одличната форма на тимот на Лион продолжи и вечерва против второпласираниот до оваа коло Ленс, откако избраниците на Лорен Блан на домашен терен славеа голема победа од 2-1.

Вториот стрелец во лигата Александер Лаказет во 23-тата минута донесе предност и навести дека Лион вечерва сака победа.

Тимот на Ленс мораше да притисне многу посилно за да воспостави рамнотежа на теренот, а сето тоа резултираше со изедначувачки погодок на Мачадо во 39-тата минута.

Меѓутоа искусниот стратег Лорен Блан имаше јасна визија и одлично поставена игра на вечерашниот натпревар, во кој неговите играчи го користеа секој миг во кој противникот беше невнимателен. Черки во 64-тата минута одново донесе голема радост за домашните навивачи и предност од 2-1.

Сите напади на Ленс беа неуспешни до крајот на натпреварот, а Лион запиша големи три бода.

Ваквиот исход буквално го исфрли Ленс од брзата лента во борбата за титула, па од втората позиција и можност да се доближи на лидерот ПСЖ, сега е на четвртата позиција со дури 8 бода заостанување. Лион пак со 35 се искачи на деветтата позиција.