Екипата на Штип УГД е првиот финалист во одбојкарскиот Куп на Македонија.
Токму во Штип се игра завршницата на купот и тоа во двете конкуренции. Домашниот состав на Штип УГД го победи Работнички со 3:0 во сетови.
Штипјани го добија првиот сет со 25-23, а во вториот беа и за нијанса подобри, дозволувајќи им на противниците да освојат пет поени помалку 25-20. И третиот сет го добија домаќините и тоа најубедливо со 25-18 за конечни 3:0 и пласман во финалето закажано за во недела.
А, како стојат работите, во него Штип УГД ќе игра со актуелниот шампион и бранител на трофејот Струмица. Впрочем струмичани се единствана непоразена екипа сезонава до домашната одбојка. Затоа го имаат и приматот на апсолутен фаворит во полуфиналниот меч со Лирија закажан за 20 часот.
Утре на програмата се женските полуфинални мечеви, а оние за трофејот, финалните, ќе се играат во недела.
ОДБОЈКА КУП НА МАКЕДОНИЈА
Полуфинале (мажи) – четврток
РАБОТНИЧКИ – ШТИП УГД 0-3
20.00 ЛИРИЈА – СТРУМИЦА
Полуфинале (жени) – петок
17.00 СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ
20.00 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ
Финале – недела 24.03.2024
12.00 ФИНАЛЕ (жени) _______ – _______
15.00 ФИНАЛЕ (мажи) ШТИП УГД – _______