Долго очекуваното „балканско“ дерби во НБА лигата, на двајцата најдобри играчи во моментов ми припадна на Лука Дончиќ. Словенецот со својот тим Далас славеше во дуелот до шампионот Денвер предводен од Никола Јокиќ.
Во супер интересен и докрај неизвесен натпревар, а на радост на домашната публика, Далас славеше со 107-105.
Иако во центарот на вниманието беа Дончиќ и Јокиќ, нивното шоу го „украде“ Кајри Ирвинг.
Токму со кошот на ветеранот постигнат со звукот на сирената, домашниот тим стигна до победата. Кајри дуелот го заврши со 24 поени, 9 асистенции и 24 поени, 7 скокови.
Индивидуалната „пресметка“ ми припадна на Словенецот. Дончиќ беше прв стрелец на натпреварот со 39 поени на кои додаде 9 скокови.
На спротивната страна, Јокиќ оствари дабл-дабл ефект, но постигна скромни за него 16 поени на кои додаде 11 скокови, а имаше и седум асистенции.