Во босанскиот град Широки Бриејг денеска стартува последниот, петти, турнир од лигашкиот дел на сезоната во кошаркарската АБА2 лига. Во салата „Пецара“ ќе се играат завршните три кола, по кои ќе бидат познато осумте екипи што ќе играат во плејофот.

А, токму еден од трите македонски претставници ќе игра на отворањето на 11-тото коло. Пелистер со дуелот против српскиот Борац ќе ја отвори програмата.

Битолчани се во групата на пет екипи распоредено од 7 до 11 место, а кои ќе се борат за позициите во разигрувањето. Нивниот противник Борац е тимот кој има една победа повеќе во однос на конкурентите.

Токму по овој натпревар ќе бидат појасни и многу работи околу конечниот пласман на табелата. Дуелот меѓу Пелистер и Борац , Бања Лука ќе почне во терминот од 15 часот.

А, во оваа 11-та рунда ќе го гледаме и последното македонско дерби. Утре (вторник) во вечерниот термин ќе играат шампионот МЗТ Скопје Аеродром и екипата на ТФТ.