Комплетиран е списокот на осим екипи кои ќе ги продолжат натпреварите во четвртфиналната фаза на Лигата на Европа. Што се однесува до фаворитите тие се пласираа во ТОП-8


За разлика од Ливерпул и Рома, кои лесно се справија со Спарта Прага и Брајтон, Баер Леверкузен одигра трилер натпревар.

Откако на првиот меч против Карабах се спасија од пораз играјќи 2-2, сега во Леверкузен реваншот мина во уште поголема драма.

Шампионот на Азербејџан беше пред промоција во четвртфиналето. Имаше Карабах два гола предност, но и играл помалку (црвен картон Чафаркулиев). Баер намали на 1-2 преку Фимпонг во 72-та минута.

И кога сите очекуваа крај на мечот, на сцена стапи Патрик Шик. Чехот со два гола во судиското дополнение (90+3 и 90+7) му донесе победа на Леверкузен и пласман меѓу осумте најдобри.

А, таму се и Ливерпул, Рома и Аталанта.

Откако славеа на гостувањето во Прага со 5-0, вечерва на „Енфил“ Ливерпул кај беше убедлив против Спарта и победи со 6-1. Рома загуби со0-1 на гостувањето кај Брајтон но римските 4-0, беа повеќе од доволни за четвртфинале. Вториот италијански претставника Аталанта, со пресврт го совлада Спортинг Лисабот со 2-1 и со вкупни 4-3 се пласира во следната рунда

Овие четири екипи им се придружија на Бенфика, Милан, Олимпик Марсеј и Вест Хем во четвртфиналето.

Ждрепката за четвртфиналната, но и полуфиналната рунда ќе се одржи утре во Нион во 13 часот.

УЕФА ЛИГА НА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ
реванш натпревари
АТАЛАНТА – СПОРТИНГ ЛИСАБОН 2-1 (1-1 прв натпревар)
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – КАРАБАХ 3-2 (2-2)
БРАЈТОН – РОМА 1-0 (0-4)
ЛИВЕРПУЛ – СПАРТА ПРАГА 6-1 (5-1)
одиграно во терминот од 18 часот
РЕНЏЕРС – БЕНФИКА 0-1 (2-2)
СЛАВИЈА ПРАГА – МИЛАН 1-3 (2-4)
ВИЉАРЕАЛ – О. МАРСЕЈ 3-1 (0-4)
ВЕСТ ХЕМ – ФРАЈБУРГ 5-0 (0-1)