Натпреварот меѓу Чаир и МЗТ Скопје Аеродром од 20.коло во Првата лига е во прекин.

Имено сеуште не е почнато второто полувреме, на мечот во кој гостите по првиот дел имаат два поени предност 42-44.

Аеродормци, не сакаат да се вратат на паркетот.

Неофицијално, причината е немилиот настан на паузата.

Од таборот на сино-белите велат дека некој од нивните играчи во поттрибинскиот простор пред соблекувалната бил физички нападнат.

Кошаркарите на шампионот решија да не го продолжат натпреварот, па по предвиденото време за чекање, судиите означија крај.

Сега се е во рацете на Комесарот за натпреварување при КФМ, Милојевиќ.

Но, ако се следат достојно пропозициите, тимот кој не го продолжил натпреварот ќе биде санкциониран, во случајов МЗТ Скопје.