Дуелот меѓу Чаир и МЗТ Скопје Аеродром не го доживеа својот крај. На, натпреварот од 20.коло во Првата лига се одигра само едно полувреме.

На второто, гостите, МЗТ Скопје Аеродром, решија да не се појават на натпреварот.

Од таборот на аеродромци, излегоа со кратка информација во која повторуваат дека на полувремето „неофицијално“ лице во соблекувалната ги нападнало стручниот штаб и играчите на МЗТ.

Во објавата на МЗТ Скопје Аеродром пишува:

„Натпреварот на гостински терен кај BC ÇAIR 2030 е прекинат по нападот на неофицијални лица врз нашите тренери и кошаркари во соблекувалната за време на полувремето.

Во моментов најважно е здравјето и безбедноста на нашите момци, а повеќе детали за инцидентот очекуваме во текот на утрешниот ден!„

На социјалните мрежи, е споделено видео од „можниот“ почеток на инцидентот, при самиот влез во тунелот кон соблекувалната.