Екипата на Барселона се обидува да најде решение за нивната ѕвездата од средниот ред Френки де Јонг. Каталонците во наредните месеци ќе се обидат да постигаат договор или ќе го продадат Холанѓанецот.
Со годишна плата од речиси 25 милиони евра, Барселона или сака да ја намали неговата плата на околу 15 милиони евра со нов договор, или да го продаде ова лето.
Де Јонг е во фокусот на вниманието на неколку европски гиганти. Според последните информации од Англија доаѓа понуда вредна 60 милиони евра.
Англиските, но и шпанските медиуми пренесуваат дека Тотенхем е подготвен да ја плати таа сума за четиригодишен договор. Но, премиер лигашот со со дополнителни бонуси на Холанѓанецот би му понудил иста сума, доколку се постигне договор.
Претходно беше објавено дека Барселона бара 100 милиони евра за Де Јонг, а понудата од 60 е далеку од очекувањата на Каталонците.