Кошаркарите на ТФТ славеа победа над Еуро Никел во натпревар од 20.коло на Првата македонска кошаркарска лига.

На дуелот одигран попладнево во СЦ „Кале“ ТФТ го победи кавадаречки Еуро Никел со 73-56.

Првата четвртина мина со мал број на поени, а ја добија домаќините до 14-12. Во втората се играше за нешто по ефикасно. Во тој период подобри беа гостите со 18-21, па на пауза се замина со поен поени за кавадарчани (32-33).

Израмнето се играше и во првите две минути од второто полувреме (39-39), по што следеше низата на домашниот тим од осум поени, за водство со (47-39). Имаа и најголеми +11 домаќините, а го зарија периодот со +9 (56-47). Тоа се покажа и како решавачи период од играта, па во последната четвртина кошаркарите на ТФТ само рутинирано ја завршија задачата. На крајот ТФТ славеше со убедливи 73-56.

Виктор Зафиров со 13 поени беше најефикасниот кошаркар во победничката екипа, за која Николов и Луос постигна по еден помалку (12), а Ташовски реализира 11. На спротивната страна, бадијала останаа 19-те поени на Смит Меквин како и дабл-дабл учинокот на Врањеш со 11 поени и 10 скокови. Двата тима сега имаат идентитет „скор“ 13 победи и 7 порази (33 бодови).

Вечерва ќе се одигра уште еден натпревар од ова коло. Од 21 часот е закажан стартот на дуелот меѓу Чаир и МЗТ Скопје Аеродром.

Вчера својата обврска ја одработија кошаркарите на Вардар и Пелистер, а останатите три натпревари ќе се играат претстојниов викенд.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 20.КОЛО
денеска

ТФТ – ЕУРО НИКЕЛ 73-56
ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ од 21 часот
одиграно вчера
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 74-86
Во сабота
15.30 АКАДЕМИЈА ФМП – ГОСТИВАР
18.00 РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ
Во недела
20.00 ФЕНИКС – ОХРИД

ТАБЕЛА: Работнички 34, МЗТ Скопје Аеродром 34, Пелистер 34, Еуро Никел 33, ТФТ 33, Чаит 32, Феникс 30, Гостивар 25, Кожув 24, Охрид 23, Академија ФМП 23, Вардар 23;