Капитенот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски се враќа во Битола.

Ова официјално го потврдија од таборот на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Чуварот на мрежата на Порто и пелистерци се договориле Митревски од наредната сезона да застане на голот на битолчани. Договорот ќе биде на две сезони почнувајќи од наредната 2024/25.

„Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ви го претставува првото засилување за сезоната 2024/25.

Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член.

Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе нашиот тим во следните две сезони.

Во нашиот тим доаѓа уште еден искусен ракометар, постојан учесник во Лигата на шампионите и роден шампион.

По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер. Во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар“.