Претстојниот викенд ќе изобилува со спортски настани.
Она што ние го издвојуваме и советуваме да не го пропуштите се:
Финалниот натпревар на Светското клупско првенство во фудбал, дуелот меѓу Европскиот и Азискиот шампион, Реал Мадрид и Ал Хилал, кој може ВО ЖИВО ДА ГО ГЛЕДАТЕ ОВДЕ.
Од европската фудбалска сцена.
Популарните ,,топџии” тимот на Арсенал ќе го пречека Брентфорд, додека Астон Вила ќе гостува кај Манчестер Сити кој шак со победа и евентуален „кикс“ на Арсенал ќе се доближи до лидерот во Премиер лигата. Во француската Лига 1, Монако го пречекува лидерот и актуелниот првак ПСЖ кој нема да игра без своите ѕвезди Мбапе и Меси. Италијанската Серија А, ни носи дуел помеѓу последниот на табелата, Кремонесе и Наполи кој е прв во трката за ,,Скудето “. Најинтересниот меч во шпанската Ла Лига се очекува да биде дуелот меѓу шесто пласираниот Виљареал и Барселона која е лидер на табелата. Нашите репрезентативци Барди и Алиоски нема да се натпреваруваат во Турската лига поради катастрофалниот земјотрес што ја зафатија земјата.
На Светското првенство во Алпско скијање што се одржува во Франција, викендов на програмата се трките во најбрзата дисциплина, спустот, во двете конкуренции (жени – сабота, мажи – недела).
На домашната сцена.
Од кошарката. Женската сениорска репрезентација на Македонија во четвртокот ја забележа првата победа (по пауза од 10 години) во квалификациите за ЕП, па сега „окуражени“ ќе и се спротивстават на фаворизираната Белгија во натпревар закажан во СЦ „Кале“’ во недела.
Внимание ќе привлечат два дерби дуелот во машката кошаркарска Прва лига.
Nа сцената ќе бидат и одбојкарките и одбојкарите, a zапочнуваат и возбудувањата на ракометните терени со првите средби во плеј-оф и плеј-аут лигите.
За сите овие настани и многу повеќе навремено информирајте се на нашата веб страни и нашите страни на социјалните мрежи, Фејсбук, Инстграм и Твитер.
Уживајте во богатиот спортски викенд,
Срдечно Ваш,