Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе го игра последниот натпревари во квалификациите за Европското првенство 2023.

Откако пред три дена ја совлада БиХ и по пауза од 10 години ја остварија првата победа на официјален натпревар, македонските сениорски репрезентативки, попладнево ќе имаат тешка задача да го повторат успехот од Сараево.

Во СЦ Кале во Скопје Македонија е домаќин на фаворизираната Белгија лидерот на табелата во А конкуренцијата во последната рунда од Квалификациите за ЕП 2023 година.

Белгијките со победата на гости кај Германија, веќе го осигураа првото место во групата, но фаворизираната селекција во Скопје секако ќе се обиде да стигне до нова победа.

Белгија со само еден пораз на петте одиграни натпревари е лидер на табелата со 9 бодови, еден повеќе од Германија, односно два од Босна и Херцеговина. Нашата селекција останува последно рангирана, четврта, со шест бода.

Натпреварот Македонија – Белгија ќе се игра во недела во СЦ „Кале“ со почеток од 18 часот.