Женската кошаркарска селекција на Македонија одлично го одигра првото полувреме на мечот против Босна и Херцеговина што се игра во Сараево е е претпоследниот од квалификациите за ЕП 2023.

Црвено-жолтите одлично го отворија мечот и во еден момент од првиот период имаат и најголеми 11 поени предност 15-4, но до крајот на четвртината не постигнаа ниту еден поан, па на првата пауза заминаа со +5 (15-10). Во вториот период во кој се играше кош за кош, домаќинките успеаја да намалат уште еден поен од негативата, па добивајќи го периодот со 16-15, нашите кошаркарки на полувремето заминаа со само четири предност (30-26).

Во второто полувреме. Босанките во 27-минута за прв пат поведоа со 40-38, но со тројката на Трајчевска, а потоа и ситуацијата 2+1 на капитенката Митрашиновиќ, нашите кошаркарки брзо ја врати предноста (40-44), а до крајот на четвртината која ја добија со 19-17, црвено-жолтите во последниот период влегоа со +6 (49-43).

Иако во последниот период во два наврати имавме и седум поени предност, (58-51), домашните кошаркарки направија серија од 12-2 и на помалку од 2.минути до крајот поведоа со три разлика (63-60).

На 34 секунди пред крајот, при нерешен резултат 66-66, младата Милица Николиќ со својот прв кош ни донесе предност.

Босанките не го искористија нападот за израмнување, па нашите кошаркарки сосема заслужено се радуваа на првата победа во овие квалификации со конечни 68-66.

Најефикасна во нашата репрезентација беше капитенката Анџелика Митрашиновиќ со 18, еден повеќе (17) од Нена Трајчевска која за еден скок (9) не оствари дабл-дабл, додека Ивана Кметоска средбата ја заврши со 14 поени и 6 скокови.

По овој меч нашите кошаркарки се враќаат во Скопје, за во недела во СЦ „Кале“ да го одиграат последниот меч од овие квалификации.

Противник ќе биде топ фаворитот во групата и лидер на табелата Белгија која во дербито од 5.коло на А групата попладнево на гости ја совлада Германија со 69-44.

Така Белгија сега има 9 бодови, Германија 8, БиХ 7, а Македонија остана последна со 6 бодови.