Одбојкарките на Јанта волеј и Работнички повторно понудија големи одличен меч, исполнет со возбудувања, борба и драма.
Дуелот од 3.коло во Втората фаза-1 им припадна на одбојкарките на Јанта волеј со 3:1 во сетови.
Гостинките во раната фаза на првиот сет направија пет поени предност. Сведувајќи ги грешите на минимум, тоа им овозможи лесно да го освојат со 25-18 за водство од 1:0 за Работнички.
Иако исто почна и вториот сет и Работнички поведе со 9-5, одбојкарите на Јанта волеј не се откажаа, напротив. Брзо домаќинските стигаа до израмнување на 11-11. Направија уште една подолга серија со 8-2 и поведоа со највисоки +6 (19-13). Ном тогаш на сцена стапи новото засилување кај Работнички. Американката, Робинсон со два болка и добра серија на свој сервис го врати шампионот во игра за водство од 21-20. Голема борба се водеше за секој поен, а ги имаше дури 56, за Јанта волеј да го добие сетот со 29-27 и да израмни на 1:1.
Следуваа, сетови со многу пресврти и голема драма!
Домаќинките во третиот сет, беа оние кои лесно и брзо се одлепија резултатски (11-3 и 12-4). Но и осумте поени предност не донесоа мирен тек на сетот за Јанта волеј. Следуваше серијата на Работнички од 8-1 за намалување на негативата на поен разлика (13-11). Двата тима имаа мини серии. Јанта поведе со 6 разлика (19-13), Работнички се врати па дури и ја спаси првата сет топка (24-24). Поен разликата повторно им припадна на домашните одбојкарки (27-25) за водство од 2:1 во сетови.
Во четвртиот сет, ниту една од екипите не успеа да направи поголема предност од три поени. Така беше и во завршницата кога Работнички водеше 22-19. Но, по тајм-аутот на Јаневиќ, домаќинките направија серии од 6-0 и го добија сетот со 25-22, а мечот со 3:1.
Мери Бошковска со 20 поени беше најдобрата во победничката екипа.
Со оваа победа Јанта волеј ја обезбеди втората позиција пред разигрувањето односно плејофот. Првото е резервирано за Струмица која има максимални 17 победи.
ТАБЕЛА: Струмица жени 17-0, Јанта волеј 13-4, Работнички Скопје 9-8, Наковски волеј 9-8.