Фудбалерите и навивачите на Интер полека почнуваат да ја слават шампонската титула. Иако до крајот на италијанскта Серија А има уште многи да се игра, Интер е се поблиску до скудетото.

„Неро-азурите“ пред својата публика ја совладаа Џенова со 2:1 и веќе имаат 15 бодови повеќе од првиот ривал Јувентус.

Триумфот Интер го најави во првиот дел кога со головите на Кристијан Аслани (30) и Алаксис Санчез (38.минута) од пенал поведе со 2:0.

По девет минути во вториот дел Мексиканецот, Васкез намали на 2:1. Во продолжението се играше отворено, двете екипи создадоа и по некоја шанса, но резултатот остана не променет.

Интер сега има 72 бодови, додека Јувентус кој го загуби дербито со Наполи остана на 57. Трет е Милан со 56 бодови.

Во следното коло Интер ќе и гостува на четврто пласираната Болоња.