Кошаркарите на Ангели забележаа победа над Водно Санс во дуелот од второлигашката конкуренција.

Во последниот натпревар од 17.коло одигран во Кисела Вода, екипата на Ангели потешко од очекуваниот славеше над Водно Санс со 86-81.

,,Сонцата” добро го отворија натпреварот и во 5.минута поведоа со 18-9. Четвртината ја добија со 23-17. И во 25.минута домаќините имаа седум позитива 36-29. Сепак, за само две минути Ангели направија серија 9-1 и поведоа со 41-37. На паузата Воднo Санс беше тимот кој заминаа со поен предност 46-45.

Во второто полувреме. Ангели заиграа поцврсто во одбраната, па противникот тешко реализираше. Тоа ја донесе и првата двоцифрена разлика 65-55 за Ангели во 28-та минута. Во последната четвртина се влезе со резултат 69-60 за гостите. Кошаркарите на Водно Санс постојано го бркаа резултатот, а на 45 секунди пред крајот дојдоа на два минус (81-83). Немаа сили ,,Санси” за комплетен пресврт, па на крајот резултатот гласеше 86-81 за гостите.

Со оваа победа Ангели се вратија на четвртата позиција на табелата.

Во следното 18.коло, Ангели го пречекуваат МЗТ Скопје У.Б., а Водно Санс гостува кај Работнички. Дербито ќе се игра во Чаир каде Шкупи го пречекува Маџари.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 17.КОЛО
понеделник

ВОДНО САНС – АНГЕЛИ 81-86
недела
МАЏАРИ – РАБОТНИЧКИ 2018 94-74
СОКОЛИ – ШКУПИ 78-89
сабота
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МКК КУМАНОВО 87-92 по продолжение (81-81)
МЕГА БАСКЕТ – БОРЕЦ БАСКЕТ 78-67
Слободен ТЕТЕКС

ТАБЕЛА: МКК Куманово 34, Маџари 32, Шкупи 31, Ангели 26, МЗТ Скопје У.Б. 27, Борец баскет 25, Соколи 24Мега Баскет 24, , Водно Санс 22, Работнички 2018 22, Тетекс 18.

Следно 18.коло
ШКУПИ – МАЏАРИ
АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА
МКК КУМАНОВО – МЕГА БАСКЕТ
РАБОТНИЧКИ 2018 – ВОДНО САНС
ТЕТЕКС ТТК – СОКОЛИ
слободен Борец баскет