Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги потврди промените ви трите клупски натпреварувања под нејзина „капа“.
Така веќе од следната сезона 2024/2025 Лигата на Шампиони и Лигата на Европа ќе бројат по 36 наместо досегашните 32 клуба.
Новитет е со во групната фаза наместо досегашните шест кола, екипите ќе одиграат осум кола. Една екипа ќе играат против седум други на домашен и гостински терен. Сега тимовите нема да бидат поделени групи, туку сите екипи ќе бидат рангирани на една табела.
Осумте прво пласирани (1 до 8 место) директно ќе се пласираат во осминафиналето.
Новитет е разигрувањето за влез меѓу 16-те најдобри.
Така екипите кои грѕупната фаза ќе ја завршат од д 9-то до 24-то место ќе играат во плеј-оф рунда. Оние од 25-то до 36-то место заврпуваат со настап на еврппската сцена.
Во „нокаут фазата“ ” нема да има промени, па ќе се игра како и досега по два натпревари (дома и на гости). Термините нема да се менуваат, а натпреварите ќе се играат во текот на неделата, за да се остави важноста на викенд натпревари во домашните првенства.
Исто ќе биде и системот во Лигата на Европа и во Конференциската лига. Но, во третото квалитативно натпреварување (КЛ) ќе се играат шест кола.