Екипата на Јувентус претрпе пораз (1:2) од Наполи во дербито од 27.,коло на Серија А.

Тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри, причината за синоќешниот пораз од актуелниот шампион ја најде во неискуството на неговиот тим.

„Момците одиграа добро, имавме шанси кои не ги искористивме.

Сето тоа е дел од процесот, дел од растот, го бараме вистинскиот баланс на големите натпревари.

Го покажавме нашето неискуство, изјави Алегри.

Јувентус е втор во Серија А со 57 бодови, а зад водечкиот Интер заостанува дури 12 бода.

Наполи по оваа победа се искачи на 7.место со 43 бодови.