Македонскиот напаѓач Александар Трајковски по долг пост од погодоци конечно се запиша во листата стрелци за својот Ал Фејха во шампионатот на Саудиска Арабија.
Имено Македонскиот интернационалец во тимот предводен од Србинот, Вук Расовниќ, на денешниот натпревар на својот Ал Фејха против Дамак, во 65-тата минута откако им побегна на дефанзивците при нафрлување од корнер и со својот погодок донесе изедначува 1-1, резултат кој остана конечен до крајот.
За Александар Трајковски ова е прв погодок оваа сезона, а прв по пауза од 9 месеци, откако последниот гол го постигна во Мај минатата година.
Тимот на Трајковски, Ал Фејха со 19 бода е на 11. позиција на табелата.
📹|
— نادي الفيحاء السعودي (@Alfaihaclub) February 10, 2023
شاهد هدف #الفيحاء في مرمى #ضمك والذي سجله ترايكوفيسكي
pic.twitter.com/AUrJQ5bZMB#مع_الفيحاء#دوري_روشن_السعودي