Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е вториот финалист во годинашното издание на Купот на Македонија.
Актуелниот бранител на трофејот од лани, во полуфиналето, славеше над Вардар со 69:64.
„Вардарки“ имаа одличен почеток, уште подобар вовед во второто Куп-полуфинале. По десет минути имаа сосема солидно водство од (20:12). Екипата од Аеродром имаше далеку подобро „отворање“ на вториот период, За нецели две минути, „сино-белite“ направија серија од (10-0), го преземаа водството (22:20). И на паузата меѓу двете полувремиња аеродромки имаа предност 32-29.
Во ист ритам, условно кажано, домашната екипа продолжи и по паузата од 15.минути. Дури и го врати водството на своја страна. По шест нови поени, поведе со (35:32) за полуфиналето да добие епитет на изедначено, но и неизвесно.
И со доста промени на водството во таа фаза од натпреварот. Во наредните три минути, уште едно „враќање“, сега на кошаркарките на МЗТ Скопје, кои имаа плус 7, (46:39), резултат од 27.минута.
Но и тоа не траеше долго, затоа што Вардар возврати со шест поени по ред за ново стигнување на негативата (45:46). Сепак, во четвртината на одлука, тимот од Аеродром „влезе“ со нешто повисоки (52:48). Благодарение на капитенот Митева, која во тие три четвртини собра 19.поени, Гејтон, која имаше 14, а Томас уште 11.
Кај Вардар, Димитријевиќ и Матие ја диктираа играта во нападот, и имаа по 14 реализации.
Пет минути поминаа од финалниот период, период во кој Вардар дојде до егал резултат (58:58), за дополнителна драматика во второто полуфинале.
И уште еднаш, сега со голема помош на Петровска (нејзини шест поени), МЗТ Скопје „побегна“ на (64:58). „Назад“ во игра за победа, Вардар го врати Матие, намали на (62:64). По двете реализации на двете страни, на 11.1 секунди пред крајот, резултатската предност беше на „сино-белата“ страна (66:64). Уште поголема беше што бранителките на пехарот имаа и напад.
Митева се избори за две слободни фрлања. Го погоди првото, не и второто. Но затоа пак ја освои одбиената топка, и од истото место, постави конечните 69:64.
Во утрешното финале закажано за 16.15 часот, МЗТ Скопје за противник ќе го има Баскет Кам.
Во првиот полуфинален натпревар, шампионот, славеше триумф над Крива Паланка.