Откако минатата недела го совладаа Вардар, ракометарите на Тиквеш се изнамачија да слават во дуелот со Бутел.

На гостувањето во Скопје, а во рамките од 4.коло на плејоф конкуренцијата во Супер лигата, Тиквеш славеше до 22-21.

Иако домаќините подобро го почнаа натпреварот, гостите брзо се вратија во игра и поведоа со 8-7. Избраниците на Стојановиќ на одмор заминаа со три гола предност 14-11. Во вториот дел гостите имаа и најголеми пет гола разлика (18-13), но, тука подзастанаа. Бутелчани со серија 6-1 се вратија во игра и израмнија на 19-19. Се играше гол за гол се до завршните секунди. Го првиот гол на овој меч на 9.секундо пред крајот Никола Стефановиќ му донесе водство и победа на Тиквеш.

Во победничката екипа по шест гола постигнаа, Евгениј Темелковски и Мартин Манасков. На спротивната страна Филип Николов одигра одличен натпревар постигнувајќи 11 голови.

Голгетерска вечер имаше и Филип Кузмановски во победата на Еурофарм Пелистер над Пролет. Шампионот не брилираше во мечот во кој важеше за апсолутен фаворит. Долго скопјани беа на гол-даба разлика, а беше и израмнето 25-25. Во завршницата пелистерци предводени од Кузмановски сепак го скршија отпорот на Пролет и славеа со 32-29.

Кузмановски натпреварот го заври со 17 постигнати голови и беше најзаслужниот за оваа победа на Пелистерци. Битолчани го преземаа првото место на табелата од Алкалоид кој утре гостува кај Охрид дербито на колото.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 4.КОЛО
сабота

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 32-29
БУТЕЛ – ТИКВЕШ 21-22
недела
18.30 ОХРИД – АЛКАЛОИД
одиграно вчера
ВАРДАР – СТРУГА 29-20

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 14 бодови, Алкалоид 12, Тиквеш 10, Вардар 9, Охрид 8, Пролет 3, Бутел 1 и Струга 0.

https://youtu.be/oR-4Ogh0-MY