Белградските ривали Црвена Звезда и Партизан забележаа победи во натпреварите до 24-тото коло на кошаркарската Евролига.
Во Тел Авив, црвено-белите го совладаа Макаби со 89-86 со што ја прекинаа низата на четири порази. Немања Недовиќ со 28 поени беше најефикасното играч кај победничката екипа, додека на натпреварот и кај поразените најмногу постигна Болдвин 38 поени.
Црно-белите пред својата публика во Белград го надиграа составот на минхенски Баерн совладувајќи го со 82-71. Кевин Пантер постигна 19, а Лесор беше стрелец на 16 поени за Партизан, за кого ова е пета победа на последните шест натпревари, а четврта во низа, со која се пробија на шестото место.
Во последниот меч одигран денеска, Барселона лесно славеше во дуелот со Биртус Болоња и тоа на гостински терен со 92-75 иако шпанскиот тим во еден период имаше и 37 поени предност.
Дерби натпреварот меѓу Анадолу Ефес и Реал Мадрид што требаше да се одигра денеска е одложено поради трагичниот настан и големиот број на жртви од земјотресот во Турција и Сирија.