Супер интересен и неизвесен натпревар одиграа кошаркарите на Партизан и Анадолу Есес во рамките од 27.коло во Евролигата.
На дуелот во преполната белградска арена, Партизан славеше победа со 100-90. Алакса Аврамовиќ го одигра натпреварот на кариерата и беше еден од најзаслужните за оваа важна победа за црно-белите.
Во првото полувреме двата тима добија по една четвртина. Првата им припадна на гостите од Истанбул 17-20), а втората на црно-белите (26-20), на на одмор се замина со 43-40 за Партизан.
По три минути игра во третиот период домаќините направија 11 поени предност. Сепак турскиот тим не се откажа и се врати во игра. Ефес за момент поведе со (72-73), но следуваше одлична игра на Партизан во одбраната. Како резултат на тоа белграѓани направија серија од 11-3 и повторно имаа солидна предност од седум поени.
Со таква предност се влезе во завршните 100.секунди кога погоди Аврамовиќ, а потоа и Ледеј за 2+1. Тоа беше крај на надежите за гостите кои го претрпеа 15-иот пораз сезонава.
Најзаслужен за 13-тата победа на Партизан беше Алекса Аврамовиќ кој натпреварот го заврши со 30 поени, а Зек Ледеј покрај 21 поен додаде и 9 скока.
Со оваа победа Партизан останува во игра за плејофот и е на една победа помалку од шпанската Валенсија.