Екипата на Атлетик Билбао е вториот финалист во фудбалскиот Куп на Шпанија.

фудбалерите на Билбао славеа и во реванш полуфиналниот натпревар го совладаа Атлетико со 3-0 откако во Мадрид победија со 1-0.

Браќата Вилијамс се најзаслужни за овој пласман на баскискиот тим во финалето.

Домаќините поведоа во 13-тата минута, по акцијата на браќата Вилијамс. Одличниот центаршут на Нико, со ефектен волеј удар и гол го материјализира Ињаки.

Во 42-та минута само ги сменија улогите. Тогаш Ињаки асистираше, а Нико реализираше за 2-0.

Во вториот дел, односно 62.минута Гурузета беше стрелец на третиот гол за домаќините.

Така, Атлетик Билбао на 6 април ќе се бори за трофејот во „Кралскиот куп“ и тоа против Мајорка која во полуфиналето го елиминира Сосиедад.