Еден од клучните кошаркари во репрезентацијата на Македонија, Војдан Стојановски ќе биде во тимот за дуелот против Естонија, вечерва.
Неговиот настап беше неизвесен, откако минатата сабота се здоби со повреда на финалниот натпревар во Купот на Македонија.
Војдан ги одработи последните тренинзи и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.
Иако реконвалесцент, капитенот да биде во стројот и ќе се обиде да им помогне на соиграчите, во обид да се оствари победа против директниот конкурет за ЕП 2025-та.
Натпреварот меѓу Македонија и Естонија ќе се игра вечерва во СЦ „Кале“ со почеток од 19 часот.