Фудбалерите на Манчестер Сити со предност од два гола се враќаат од Копенхаген.
Актуелниот европски првак славеше победа над данскиот со 3-1 во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони.
На натпреварот одигран на „Паркен“ стадионот во Копенхаген, гостите од Англија рано стигнаа до предност.
Во 10-тата минута по одличната асистенција на Фоден кон Кевин Де Брујне, Белгиецот велемајсторски ја смести топката во мрежата на домаќините за водство од 1-0.
Сепак, тоа не ги поколеба борбените фудбалери на Копенхаген кои се обидуваа да стигнат до израмнување, а тоа им успеа во 34-тата минута. По големата грешка на голманот, Емерсон, со ефектен гол Матсон израмни на 1-1.
Во судиското дополнение (45+1) по акцијата на Де Брујне, топката случајно дојде до Бернардо Силва кому не му беше тешко да го искористи поклонот и повторно да го доведе Сити во предност (2-1).
Во вториот дел, двете екипи продолжија да играат отворено. Иако имаа по неколку шанси за нов гол, резултатот остана не променет се до судиското дополнение.
Во втората минута од судиското дополнение, тандемот Де Брујне – Фоден повтрно на сцена. Овојпат Белгиецот асистираше, а Фоден погоди за 3-1 за Сити.
Реваншот во Манчестер ќе се игра на 6 март. За утре закажани се нови два осминафинални натпревари. Во терминот од 21 часот, ќе играат Лацио – Баерн Минхен и ПСЖ – Р. Сосиедад.
Останатите четири дуели на програмата се следниот вторник и среда (20 и 21 февруари).