Македонскиот првак МЗТ Скопје со три победи, на исто толку одиграни натпревари, го заврши четвртиот турнир во АБА2 лигата во Нови Сад.
МЗТ славеше ви дуелот против домаќинот Војводина со 89-84.
Аеродромци за малку од готово ќе направеа вересија. Во првиот дел имаа и на два пати по 15 поени предност, но во вториот се спасуваа од пораз.
Аеродромци имаа шутерско шоу за три поени во првото полувреме. Погодија сино-белите 11 тројки од 17-те упатени удари и тоа им овозможи 12 поени предност на паузата.
Во третиот период аеродромци останаа без муниција. Промашија 11 удари за три поени и му дозволија на противникот да се врати во игра.
Војводина на стартот на последната четвртина за прв пат и поведе со 63-62.
Баковиќ со 17 поени вклучувајќи ги петте важни во завршницата, беше најзаслужниот за триумфот на МЗТ.
По десет одиграни натпревари, со седум победи, МЗТ Скопје е на делба на 3 до 5.место на табелата. Аеродромци веќе го заверија пласманот во плејофот, а на последниот турнир во март ќе се борат за подобра страдна позиција.