Екипата на Аталанта му одржа лекција по фудбал на Лацио. Со триумф од 3:1 Аталанта продолжува во борбата за Лига на Шампиони.

Победникот беше скоро решен уште во првиот дел. Марио Пашалиќ го постигна првиот гол во 16.та минута. Потоа преку пеналот на Де Кетелаере, Аталанта зголеми на 2:0.

Во вториот дел играта беше многу посмирена. Двете екипи одиграа убав фудбал во вториот дел. Де Кетелаере го постигна својот втор гол за водство од 3:0 на Аталанта. Чито Имобиле преку прнал го постигна почесниот погодок за Лацио.

Аталанта со денешните 3 бода се искачи на 4.то место на табелата. Со 39 бода екипата од Беграмо е на добар пат да обезбедат Лига на Шампиони следната сезона.

Лацио пак падна на 9.то место со 34 бода по 22 одиграни натпревари.