Екипата на МЗТ Скопје благодарение на тројката на Американецот, Расел на 5.секунди пред крајот славеше победа над Шенчур.
Големи осцилации имаа избраниците на тренерот Васко Атанасов во текот на целиот натпревар. Најголемиот дел беа во водство имаа и +16, а на крајот се спасуваа од пораз.
Но, Атанасов смета дека неговите избраници „одиграме многу добар меч“.
„За нас еден, добар меч, преку поголемиот дел од натпреварот.
На крај стигнавме до тоа да се решава на последен шут, но добро е што имаме такви играчи што може да решат натпревари.
Честитки за двете екипи, но поголеми честитки до моите момчиња кои се бореа до крај.
Мислам дека изигравме многу добар меч“, изјави Атанасов.