Фудбалерите на Њукасл го добија вечерашното дерби од 22.коло во Премиер лигата совладувајќи ја Астон Вила.

На дуелот одигран на „Вила Парк“ во Бирмингем, тимот на Њукасл славеше со 3-1.

Победата за гостите ја најави Швајцарецот, Фабијан Шар со двата гола во првиот дел (32 и 36.минута).

По седум минути игра во вториот (52) Морено си постигна автогол за водство со што ја запечати судбината на својот тим.

Домаќините преку Воткинс во 71-минута намалија на 1-3, но тоа беше се што сторија.

Астон Вила остана четврта со 43 бодови колку има и Манчестер Сити на третото место, но шампионот има да одигра два натпревари.

Њукасл се врати на седмото место со 32 бода колку бројат Брајтон и Манчестер Јунајтед зад него.