Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна нов гол за својот тим Абердин во шкотската Премиер лига.
Во натпревар од 18.-тото коло, а на гостувањето кај Сен Џонстон, Абердин одигра без победник 1-1.
Токму Миовски од пенал во 62-та минута му донесе водство на гостинскиот тим, кој не успеа да ги освои трите бода.
Израелецот, Дејвид Келтјенс беше стрелец на израмнувачкиот погодок на натпреварот за 1-1.
За Миовски тоа беше 10-тиот првенствен гол во шкотската Премиер лига, а вкупно 14-ти сезонава за Абердин.