Екипата на Ливерпул е вториот финалист во ЕФЛ Лига купот или популарниот „Карабао куп“ во Англија.

Во реванш полуфиналниот натпревар Ливерпул на гости кај Фулам одигра 1-1. Сепак, благодарение на победата од 2-1 на првиот меч „црвените“ се пласира во финалето.

Гостите поведоа во 11-минута со голот на Колумбиецот, Луис Дијаз. Во 77-та Французинот, Иса Диоп израмни на 1-1. Сепак Фулам иако се обидуваше да стигне до втор гол и продолжение тоа не им успеа на домаќините.

Така во финалето закажано за 25 февруари на „Вембли“ во Лондон, за трофејот ќе се борат Ливерпул и Челзи. Тоа практично ќе биде реприза на финалето од пред две сезони.