Младата репрезентација на Македонија за одбојкари до 18 години го продолжува настапот во квалификациите за Европскиот шампионат.
На еден од петте квалификациски турнири што се одржува во Струмица, македонскиот јуниори вечерва играат против врсниците од Грција.
По вчерашната убедлива над Косово, македонските надежи веќе обезбедија полуфинале што беше и примарна цел.
Против Грците црвено-жолтите ќе се борат за освојување на 1.место во А групата, а со тоа и полесен противник во полуфиналето.
Победникот од овој натпревар ќе игра со второ рангираната селекција од Б групата. Во неа попладнево ќе играат Србија и Турција, а во конкуренција е и Романија.
Потсетување дека четирите селекции полуфиналисти ќе обезбедат пласман во втората рунда од квалификациите за ЕП.
Денешните натпревари ќе може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.