Македонскиот вицепрвак Пелистер донесе ново американско засилување во своите редови.

Имено, по заминувањето на Бернард празнината во составот ќе ја пополни неговиот сонародник Дашон Најт.

Станува збор за искусен кошаркар (33 години, 185 цм) кој игра на плејмејкерската позиција.

Најт кариерата ја почнал на колеџот Илиноис Стејт. Тој има и богато меѓународно искуство, настапувајќи во Турција, Нов Зеланд, Израел, Бугарија, како и Босанската лига.

Во АБА2 лигата има искуство со настапите за босански тим Широки Бријег.

, па веруваме дека тоа искуство ќе го пренесе и на нашите соиграчи во борба за што подобар пласман во регионалното првенство.