Португалскиот стратег Жозе Мурињо повеќе не е тренер на италијанската Рома.

Ова денска го потврдија од „Римската волчица“.

„Рома објавува дека Жозе Мурињо и неговиот стручен штаб си заминуваат од клубот веднаш. Информации за следниот предводник на првиот тим ќе бидат објавени набрзо“, стои во соопштението.

Ова доаѓа по серијата слаби резултати, а по кои имаше и закани од навивачите кон Мурињо. За „мир во куќата“ решено е веднаш да се прекине соработката со Португалецот и сите негови помошници.

Во официјалното соопштение од клубот истакнаа дека се во потрага по нов тренер.

„Сакаме да му се заблагодариме на Жозе за неговата страст и се што направи откако дојде во клубот. Ќе имаме одлични спомени, но веруваме дека ова ќе биде во најдобар интерес на клубот“, изјави Рајан Фридкин.

Со Рома, Мурињо го освои премиерното издание на Конференциската лига во 2022 година и и го донесе првиот европски трофеј и воопшто прв по 14 години.

Минатата сезона тој го одведе тимот до финалето на Лига Европа, во кое Рома загуби од Севиља по изведување пенали.