Кошаркарите на Партизан ја забележаа и третата победа во низа (четврта на последните пет натпревар) во Евролигата.
Црно-белите на „жешкиот терен“ во Каунас го совлада Жалгирис со 88-74, продлабочувајќи ја кризата во редовите на литванскиот шампион за кој ова беше трет последователен пораз.
Папаперу со 17, Лесор и Пантер со по 14 поени, како и Ексум и Ледеј кои придодадоа по 11 поени, беа творци на оваа победа на Партизан.
Белградскиот тим сега се проби на 7.место на табелата со „скор“ 12 победи и 11 порази, идентичен како и Макаби, Валенсија и Жалгирис, а во исчекување на исходот од дербито во Атина каде лидерот на табелата Олимпијакос игра против актуелниот шампион Анадолу Ефес кој заостанува една победа зад погоре споменатата четворка.