Кошаркарите на Црвена Звезда славеа победа на гостувањето во Милано кај Армани во натпревар од 22.коло на Ерволигата.
Со овој триумф белграѓани остануваат во трка за местата што водат во плејофот.
Триумфот гостите од Белград го најавија уште во првата четвртина која ја добија со осум разлика (23-15). На полувремето Црвена Звезда веќе имаше и убедливи +16 (47-31).
„Менекените“ на Армани се понадеваа дека може да останат непоразени откако го добија третиот период и во последниот влегоа со 10 негатива.
Иако во еден момент домаќините намалија и на пет разлика, тоа беше се што сторија. На крајот Црвена Звезда заслужено се радуваше со конечни 76-62.
Со оваа победа, а вкупно девет, Звезда и Армани Милано се на делба на 12-тото и 13-тото место. Двата тима заостануваат една победа од Валенсија, Партизан и Басконија.