Веќе четврти странски ракометар си заминува од Еурофарм Пелистер.
Актуелниот македонски шампион, Еурофарм Пелистер информира дека и Србинот, Дарко Стевановиќ, повеќе не е дел од тимот.
Изминативе пет дена, пелистерци се „ослободија“ и од Португалецот, како и Данците, Вилсон Дејвис, Андреас Јохан Нилсен и Каспер Кисум.
Јасно е дека Еурофарм Пелистер одамна нема што да бара во Лигата на шампионите, каде остануваат уште четири натпревари.
Сепак битолчани сигурно ќе сакаат да ја одбраната титулата во домашното првенство и да атакуваат на Куп трофејот.
Која ќе биде нивната политика, ќе има нови странски засилувања или се ќе се фрли на карта на македонски ракометари, времето ќе покаже!?