Традиционално на крајот на календарската година, се прогласуваат најдобрите спортисти. Таков беше и случајот денеска кога Град Скопје ги прогласи најдобрите за 2023-та. 

Светски шампион во кик-бокс, Бобан Илиоски е лауреатот на главниот град за 2023-та. 

И во младинска конкуренција признанието му припадна на кик-боксрот Силвио Мировски. 

За најуспешна спортска екипа прогласена е „Специјална Олимпијада“. 

Дејан Митровски го понесе признанието за најдобар тренер, а Андреј Стојановски, за најуспешен спортист во категоријата на лица со инвалидност.

Оваа година, во категоријата, Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје, поради немање високи резултати, не е доделена.

Најуспешни 10 спортисти во сениорска конкуренција (мажи и жени), наградени се:
Бобан Илиоски – Кик Бокс
Мери Акиевска – Фитнес и аеробик
Игор Стефановски – Иџе – Автомобилизам
Дејан Георгиевски – Таеквондо
Ахмад Магомедов – Борење
Дарио Ивановски – Атлетика
Лина Ѓорчевска – Тенис
Андреас Трајковски – Атлетика
Петар Заборски – Карате
Петар Спасеновски – Карате ол
Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени):
Силвио Мировски – Кик бокс
Витомир Трајковски – Карате
Калин Ивановски – Тенис
Стефан Стојановиќ – Карате
Бесир Алили – Боење
Ива Богдановска – Џудо
Георгина Блажеска – Џудо
Јована Мицовска – Карате
Иван Галевски – Ракометен
Никола Ѓуретановиќ – Пливање