Ракометарите на Алкалоид остварија нова победа во првенството откако вечерва во првиот дуел од 9.коло од Супер лигата ја совладаа екипата на Прилеп со 37:27. Избраниците на Кирил Лазаров на тој начин бодовно се изедначија (по 16) со лидерот на табелата Вардар, но со натпреавр повеќе.

Во првиот дел гостите одржуваа ритам и по водството на Алкалоид од +5 направија серија од 3-0 и на полувреме беше 18:14. Во вториот дел се играше за нијанса поефикасно и Алкалоид успеа да дојде и до двоцифрена предност.

Белег на второто полувреме остави и голманот на Алкалоид Марко Кизиќ, кој бранеше само во вториот дел и забележа 9 одбрани вклучително и три седмерци.

Најефикасен на дуелот беше Никола Костески со 8 голови.

За Алкалоид во следните два кола следуваат дерби дуелите со Вардар на гости и со Еурофарм Пелистер на домашен терен.