Каспер Кисум е третиот странски ракометар кој заминува од Битола.

Ова премалку го потврдија потврдија од таборот на Еурофарм Пелистер на својата официјална страна. 

Откако прво Португалецот, Вилсон Дејвис, а вчера и Андреас Јохан Нилсен, спогодбено ја прекинаа соработката, денеска и Кисум се збогува со пелистерци. 

Данецот имаше важна улога на секој натпревар, а беше дел од тимот кој лани стигна до шампионската титула во домашното првенство. 

Јасно е дека Еурофарм Пелистер нема што да бара во Лигата на шампионите, каде останува да одигра уште четири натпревари. Но, битолчани сигурно ќе сакаат да ја одбраната титулата во домашното првенство и да атакуваат на Куп трофејот.

Затоа за очекување е дека наскоро би слушнале за нови имиња во редовите на зелено-белите.