Екипата на Ал Алхли го освои 3.место на Светското клупско првенство. Во „малото финале“ африканскиот првак Ал Алхли го победи шампионат на Азија тимот на Урава со 4-2.

Египетскиот претставник со погодоците на Јасер Ибраим (19) и Тау (25) имаше предност од два гола. Јапонскиот тим ја анулира негативата преку Канте (42), Солц од пенал (54).

Сепак, составот на Ал-Ахли повторно дојде до предност и тоа благодарение на автоголот на Куизуми (60), а по шутот на Малоули. Истиот фудбалер само 10-минути подоцна не реализира пенал да ја удвои предноста. Сепак, Малоули се извади во судиското дополнение кога на ефектен начин ги постави конечните 4-2.

На првенството што се одржува во Саудиска Арабија останува да се одигра уште финалниот натпревар.

Вечерва од 19 часот за трофејот ќе се борат, европскиот првак Манчестер Сити и јужноамериканскиот шампион Флуминенсе.