Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ја оствари четвртата победа во АБА2 лигата.
Во дуелот од 6.коло, одигран попладнево, МЗТ славеше против црногорската екипа Подгорица со 78-74.
Првиот период му припадна на противникот со 21-18, но во вториот МЗТ одигра одлично. Аеродромци во финишот направија серија од 10-0, ја добија четвртината со 21-08, па на паузата замина со +10 (39-29).
Кон средината на третата четвртина МЗТ имаше и најголеми 14 предност (52-38), но во последната влеза само со +6 (57-51). Во последните четири минути се влезе со израмнет резултат 68-68. И кога беше најпотребно на одговорноста ја презедоа Војдан Стојановски и Дејан Танасковиќ. Токму тие беа најзаслужните за победата со конечни 78-74.
Војдан беше најефикасен со 24 поени, а Танасковиќ имаше дабл-дабл со 20 поени и 12 скокови.
Со оваа победа и „скор“ 4-2, МЗТ се проби на петтото место на табелата.
Следен противник на МЗТ (во петок) ќе биде екипата на Спартак Суботица во меч од 7.коло.
Ам вечерва од 21 часот својот натпревар од седмата рунда ќе го играат кошаркарите на Пелистер. Противник на битолчани е хрватскиот тим Цедевита јуниор.