Со одигрувањето на натпреварите од 14.коло заврши првата фаза во женското одбојкарско првенство на Македонија.
Екипата на Струмица жени е единствената која забележа победи на сите натпревари. Во струмичкото дерби составот на Струмица жени убедливо во три сета славеше во дуелот со Наковски волеј. Дека се решени да останат со максимален ефект домаќинките најавија во првиот сет кој го добија со 25:17. Во вториот сет на противничките им дозволија да освојат поен повеќе 25:18. Сепак во последниот трет сет на најдобар начин ја потврдија својата доминација, а сетот го добија со убедливи 25:09. Така составот на Струмица жени првиот дел од првенството го заврши со максимални 14 победи.
И другите фаворити во оваа рунда немаа проблеми. Максимални победи остварија шампионот Работнички и Фит фан волеј, додека Јанта волеј препушти сет на екипата на Младост УГД.
Во вториот дел од првенството за титулата ќе играат прворангираните четири екипи.
ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ), 14.КОЛО
сабота
СТРУМИЦА ЖЕНИ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 3-0
ВАРДАР ЕМ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 0-3
ВАРДАР ЖЕНИ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 0-3
ЈАНТА ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД 3-1
ТАБЕЛА: Струмица жени 14-0, Јанта волеј 10-3, Наковски волеј 9-4, Работнички Скопје 8-6, Фит фан волеј 6-7, Младост УГД 5-9, Вардар ЕМ 2-11, Вардар жени 0-14.