Барса и Чави повторно имаа нова „сопка”. Овој пат изиграа 1:1 против Валенсија.

Натпреварот на „Местаља“ беше израмнет во првиот дел по изданието на двете екипи. Во вториот дел работите се променија.

Жоао Феликс го отвори резултатот во 55.та минута. Набрзо израмни Валенсија преку Гуиламон во 70.та минута.

Се обидуваше актуелниот првак да постигне и втор гол и да стигне до победа, но сето тоа беше јалово, па резултатот остане не променет (1-1)

Со овој резултат Барса по 17 одиграни кола има 35 бода и е на третата позиција во Ла Лига. Валенсија пак е на 10-та позиција со 20 бода.

Андреј Велјаноски