Екипата на Милан ја оствари 10-тата победа во Серија А. Во натпреварот одигран на „Сан Сиро“, во рамките од 16.коло, Милан ги израдува своите симпатизер совладувајќи ја Монца со 3-0. 

Црвено-црните во првиот дел постигнаа два гола. Холанѓанецот, Рејдес уште во тратата минута го отвори резултатот, а Србинот, Симиќ во 41-та зголеми на 2-0. 

Во вториот дел и Швајцарецот, Оканфор се запиша во листата на стрелците поставувајќи ги конечните 3-0 за Милан. 

Со новите бодови и вкупно 32 Милан се зацврсти на третото место на табелата. Лидерот Интер кој има 38, вечерва го игра дербито со Лацио, додека Јувентус е втор со 37 бодови.