Екипата на Лајпциг оствари триумф на Хофенхајм. Натпреварот заврши со резултат со 3-1.
Првиот дел беше израмнет. Клостерман го отвори резултатот во полза на Лајпциг, а Кабак израмни на 1-1.
Во второто полувреме доминираше Лајпциг. Прво преку Форсберг зголемија на 2-1. Веднаш потоа Симакан зголеми на 3-1. До крајот на натпреварот ВАР поништи и четврт гол на Лајпциг и поништи црвен картон за Грилитш.
Со триумфот над Хофенхајм, Лајпциг се искачи на 3-та позиција со 32 бода по 15 одиграни кола. Хофенхајм пак се на 6-та позиција во Бундеслига со 23 бода.
Андреј Велјаноски