Екипата на Наполи извојува победа на домашен терен против Каљари од 2:1. Натпреварот започна 30 минути подоцна поради силен ветар во Неапол.

Возбудливо прво полувреме на стадионот „Диего Армандо Марадона“ со голем број на неискористени шанси на двете страни.

Водството на Наполи дојде преку Виктор Осимен во 69-тата минута, тој упати снажен удар со глава и погоди за 1:0.

Каљари успеа изедначи по само три минути игра (72-та минута), а голот го постигна Леонардо Паволети.

Прекрасната соло акција на Виктор Осимен со прецизен удар ја реализираше Квича Кварацкелија во 75-тата минута, со што ги постави и конечните 2:1.

Нашиот Елиф Елмас не играше на овој натпревар, а веројатно нема ни да игра до крајот на 2023-тата година поради повреда во надколеницата на левата нога.