Најтрофејниот тим во УЕФА Европската лига, Севиља сезонава рано го заврши настапот на европската сцена. Андалузискиот тим на гостувањето во Франција кај Ленс загуби со 1-2.
Полјакот, Франковски од пенал во 63.минута беше стрелец на голот на францускиот клуб. Само 14.минути подоцна голема драма. Беше досуден пенал за Севиља. Ударот на Серхио Рамоз го одбрани Самба, но, по сугестија од ВАР собата беше повторен. Во вториот обид Рамос беше ефикасен и израмни на 1-1.
Се обидуваше Севиља да стигне до втор гол. Имаше шанса Рамос за тоа во дополнението но, лошо биеше. Затоа на спротивната страна Фуџини ја запечати судбината на гостите и ми донесе победа на Ленс со 2-1. Со тоа Севиља заврши како последно рангирана четврта, па остана и без учество во Лигата на Европа.
Во натпреварот за престиж во Ајндховен, ПСВ и Арсенал одиграа без победник 1-1.
Во финишот на првиот дел (42.минута) со голот на Еди Нкетија, гостите од Лондон поведоа со 1-0. По само пет минути игра во вториот дел Јорбе Вертесен го израмни резултатот.
Арсенал и ПСВ и пред ова коло си имаа обезбедено осминафинале во Лигата на шампионите, а Ленс како трет ќе игра во Лига Европа.
Вечерва пак ќе дознаеме уште два тима што ќе се пласираат во осминафиналната рунда на елитното натпреварување. Кои ќе бидат тие два тима, останува да видиме.